Ali H. M.Abo Rezeg
04 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
ГАЗА (АА) - Израелските сили денеска од авион фрлиле хербицид на палестинските земјоделски полиња долж граничниот појас Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Фрлените хемикалии предизвикаа голема штета на земјоделските култури и на фармите, истакна за АА Низар ал-Вахеди, претставник на палестинското Министерство за земјоделство.
Истакнувајќи дека Израел нема право да фрла хербициди на палестинските земјоделски полиња, Ал Вахеди рече дека на палестинското министерство уште не му е познат составот на хемикалиите кои израелските авиони утрово ги истурија по полињата.
Од друга страна, израелската невладина организација „Gisha“ (Гиша) објави дека цел на истурањето хербициди по должината на границата со Газа е спроведена со цел уништување на непотребната трева и плевелот во тој регион.
Најмалку 44 000 Палестинци се занимаваат со земјоделство, што е околу 11 проценти од вкупната работна сила во тоа подрачје.
Израел од 2007 година под целосна блокада го држи палестинскиот Појас Газа.