Kübra Chohan
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
АФРИН / АНКАРА - Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска денес го ослободија од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ и презедоа контрола врз центарот на градот Шеик ал-Хадид, западно од центарот на Африн, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ во северозападна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Градот Шеик ал-Хадид е третиот центар на град ослободен од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“. Претходно беа ослободени и центрите на градовите Булбул и Раџу.
Репортерите на АА од теренот денес јавија дека ослободено е и селото Хаџи Халил, кое се наоѓа во подрачјето на Раџу, северозападна Сирија.
Од започнувањето на операцијата „Маслинова гранка“ на 26 февруари, Турските сили и Слободната сириска војска ослободија 129 места, вклучувајќи три градски центри, 98 села, 21 стратешки планини и ридови и една база на ЈПГ/ПКК.
Подрачјето на Африн, во северозападниот дел на Сирија, се граничи со турските области Хатај и Килис. Тој дел од границата во облик на полумесечина од пред пет дена целосно е под контрола на Турските сили и Слободната сириска војска.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005.), 2170 (2014.) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ). ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.