Mehmet Nuri Uçar
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
НАБЛУС
Израелските војници убија еден Палестинец, а двајца ранија во градот Наблус, на северот на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од очевидци, израелски војници во раните утрински часови извршиле рација во маалото Расулајн во Наблус.
Претставникот на палестинската Црвена полумесечина, Ахмед Џибрил, во изјавата за Агенција Анадолија (AA) рече дека животот го загубил 31-годишниот Палестинец Џемил Мухамед ел-Кејал, кој бил погоден во главата со вистински куршум во текот на рацијата.
Информирајќи дека израелско воено возило удрило во двајца млади Палестинци, Џибрил соопшти дека и двате лица се повредени, не давајќи притоа детали за повредите.
Локалните палестински информативни портали, споделија снимки од моментите кога Кејал, загина во рацијата спроведена од израелските војници во местото Расулајн.
Израелските сили често спроведуваат рации низ Западниот Брег приведувајќи Палестинци под различни обвинувања.
По приведувањата кои станаа вообичаена практика на Западниот Брег и во Источен Ерусалим, дел од Палестинците, меѓу кои има и деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.