Gülşen Topçu
02 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, упати предупредување до Иран поради обидот за затворање на теснецот Баб ел Мандеб, кој е еден од најзначајните теснеци на Црвеното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако Иран се обиде да го затвори теснецот Баб ел Мандеб, тогаш сум сигурен дека пред себе ќе има една многу силна меѓународна коалиција која ќе го спречи тоа. Во оваа коалиција ќе биде и Израел“, истакна Нетанјаху во своето обраќање на церемонијата на дипломирање на поморските офицери, која се одржа во поморската база „Хајфа“ која се наоѓа во северниот дел на земјата, но не даде информации во врска со тоа од кои земји ќе се состои коалицијата.
Нетанјаху нагласи дека морето им нуди многу можности, благодарение на морето израелските бродови имаат пристап до поширока зона, и дека ова ѝ дава голема моќ на земјата.
Хусите поддржани од Иран минатата недела извршија напад во Црвеното Море врз два нафтени бродови на Саудиска Арабија, при што еден од танкерите беше оштетен.
Администрацијата на Ријад соопшти дека го суспендирале транспортот на нафта преку теснецот Баб ел Мандеб.
Касам Сулејмани, еден од командантите на Револуционерната гарда на Иран, во изјава по нападот истакна дека Црвеното Море веќе не е безбедно за САД.