Ayhan Şimşek
06 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
БЕРЛИН (АА) - Израелскиот премиер Нафтали Бенет доцна синоќа пристигна во ненадејна посета на Берлин за да разговара за дипломатските напори за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бенет и германскиот канцелар Олаф Шолц разговараа час и половина, а израелскиот премиер го информирал [Шолц] за неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва претходно истиот ден“, изјави портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, рано утрово.
Тој додаде дека заедничката цел останува, да се стави крај на војната во Украина што е можно побрзо, за што рече дека ќе се вложат максимални напори.
„Бенет денес се врати во Израел“, се вели во соопштението од неговиот Кабинет.
Откако започна на 24 февруари, руската војна против Украина беше дочекана со гнев од меѓународната заедница, при што ЕУ, Велика Британија, САД и други земји воведоа низа економски санкции кон Москва.