Eshat Fırat
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) Израелските војници приведоа осуммина Палестинци на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во текот на ноќта се извршени акции во коишто беа приведени Палестинци поради учество во терористички активности“, соопшти израелската војска.
Израелските сили често вршат упади во куќите на Западниот Брег и во Источен Ерусалим, и под разни обвинувања приведуваат Палестинци, кои во израелските затвори ги има околу 7.000.