Hamdi Yıldız
22 Декември 2022•Ажурирај: 25 Декември 2022
НАБЛУС (АА) - Израелските војници извршија рација во градот Наблус на Западниот Брег, при што со вистински куршуми го застрелаа 23-годишниот Палестинец Ахмет Атиф Мустафа Дерагиме, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Палестинската официјална новинска агенција ВАФА (WAFA), израелските војници извршиле рација во Наблус со цел да го обезбедат влезот на илегалните еврејски доселеници во ова подрачје.
Израелските сили со вистински и гумени куршуми, како и со солзавец и шок-бомби, интервенирале врз младите Палестинци кои покажале отпор кон оваа рација.
Четворица Палестинци се повредени како резултат на отворениот оган со вистински куршуми, додека Палестинецот Дерагиме го загуби својот живот.
Според ВАФА, бројот на застрелани Палестинци од 2022 година досега од страна на израелските војници се искачи на 224, вклучувајќи го и Дерагиме.
Израелските сили често вршат рации во домовите на Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.