Ali Abo Rezeg
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
РАМАЛА (АА) - Најмалку седум Палестинци се уапсени во акциите кои припадниците на израелските сили ги извршија во текот на ноќта на Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека Палестинците биле приведени поради сомневање дека учествувале во насилнички активности, но не е прецизирано за какви активности станува збор.
Израелската војска често на Западниот Брег и во Источен Ерусалим по различни обвиненија ги приведува Палестинците.
Официјалните податоци на палестинската страна покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 5.500 Палестинци, вклучувајќи голем број малолетници и жени.