Mustafa Deveci
22 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ
Израелските војници притворија 19 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава од израелската Армија се истакнува дека во синоќешните операции, во различни делови на Западниот Брег се притворени 19 Палестинци, наводно поради „вмешаност во терористички дејства“.
Во соопштението се наведува дека притворените Палестинци се упатени во центарот за притвор во регионот.
Израелските сили, кои честопати влегуваат во куќите во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, под најразлични обвинувања ги притвораат Палестинците.
Некои од Палестинците, вклучувајќи ги и жените и децата, со денови се чуваат во центрите за притвор, а тоа стана вообичаена практика во Западниот Брег и Источен Ерусалим.
Според официјалните палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 5.500 Палестинци, од кои околу 500 се административни затвореници и 220 се деца.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност по безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.