Islam Doğru
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ЊУЈОРК
Приведен е полицаецот Дерек Чаувин кој ја предизвика смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, откако со колена му притискаше на вратот на Флојд при неговото приведување во американската сојузна држава Минесота, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Џон Харингтон, директорот на Агенцијата за јавна безбедност во Минесота, истакна дека Чаувин е приведен во врска со смртта на Флојд.
Главниот обвинител во регионот Хенепн, Мајк Фриман, во врска со приведувањето на Чаувин ќе организира прес-конференција и ќе даде детали околу кривичните пријави.
Џорџ Флојд (46) во понеделникот беше приведен во Минеаполис кој се наоѓа во Минесота, се вели дека бил пријавен за користење фалсификувана банкнота од 20 долари на локална продавница.
Во видеото споделено на социјалните мрежи се забележува дека Флојд е врзан со лисици и дека соработува.
Сепак, полицијата тврди дека тој се спротивставувал на приведувањето. Еден од полицајците клекна на колена на неговиот врат, и покрај тоа што Флојд постојано викаше „Не можам да дишам“.
Потоа, Флојд се забележува дека се онесвестува, но полицаецот продолжува да ја држи колената на вратот на жртвата.
Флојд почина веднаш по пренесување на болница.
Четворица полицајци, вклучувајќи го и Дерек Чаувин, се суспендирани од работа за убиство, кое предизвика масивни протести и револт против полициската бруталност.