Anees Suheil Barghouti
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските сили уапсија 18 Палестинци за време на рации во текот на ноќта во Западниот брег, се соопштува од Палестинското здружение на затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Три лица се уапсени од страна на израелските сили откако извршиле рација во нивните домови во Рамала, се вели во соопштението на Палестинското здружение на затвореници.
Другите 15-мина Палестинци се уапсени за време на рации во северните градови на Западниот брег, Наблус, Јенин, Калкилија и Салфит, се додава во соопштението.
Денес, израелските сили го убија 22 годишниот Ахмед Џарар, кој беше обвинет од страна на израелските власти дека убил доселеник во Наблус минатиот месец.
Според Палестинското здружените на затвореници, израелските сили во потрагата по Џарар во Западниот брег, уапсиле 71 Палестинец во извршени 20 рации.
Израелските сили честопати вршат упади во Источен Ерусалим и на Западниот Брег, и под разни обвинувања ги приведуваат Палестинците.
Податоците на палестинските институции покажуваат дека во израелските затвори има околу 7.000 Палестинци, од кои неколку стотици се деца.