Esat Fırat
25 Јануари 2022•Ажурирај: 26 Јануари 2022
КУДС (АА) - Најмалку 20 Палестинци се приведени на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, израелските сили извршиле рации во куќи во различни делови на Западниот Брег.
Во текот на рациите приведени се 20 лица, воглавно од градовите Витлеем, Џенин и Хеброн, а забележано е дека помеѓу нив се и еден малолетник и студент.
Израелските сили, кои често вршат рации во домовите на окупираниот Западен Брег и источен Кудс (Ерусалим), ги приведуваат Палестинците по различни основи.
Некои од Палестинците, меѓу кои и жени и деца, се држат во центрите за притвор по приведувањата кои станаа вообичаена пракса на Западниот Брег и источен Кудс.