Ekip
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Најмалку 19 Палестинци беа уапсени во текот на претресот кој денеска го извршија израелските сили во подрачјето на окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Израелските окупациски сили уапсија седум Палестинци во Рамала и Ал Бире, шест во Кудс, двајца Палестинци во Хеброн и Џенин и еден во Калкалија и Јерихон“, се вели во соопштението на невладина организација „Заедница на палестински затвореници“.
Претседателот Доналд Трамп на почетокот на декември донесе одлука за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, што предизвика остри реакции од Палестинците и поголемиот дел од меѓународната заедница.
Портпаролката на Заедницата на палестински затвореници, Фида Наџада, соопшти дека израелските сили од таа одлука досега уапсија најмалку 950 палестински демонстранти, меѓу кои најмалку 235 малолетни лица.
Според палестинските институции, најмалку 6 500 Палестинци во моментов се наоѓаат во израелските затвори.
Наџада рече дека најмалку десет Палестинци престојуваат во израелските затвори повеќе од три децении.