Mücahit Aydemir
03 Април 2023•Ажурирај: 04 Април 2023
НАБЛУС (АА) - Двајца Палестинци го загубија својот живот во рацијата извршена од израелските сили во градот Наблус, што се наоѓа во окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението се наведува дека израелските сили извршиле рација во Наблус и убиле двајца Палестинци.
Очевидците во изјава за новинарот на АА истакнаа дека дошло до судир меѓу израелските сили, кои извршиле рација во населба Ел-Махфије во Налбус, и Палестинците кои покажале отпор.
Се истакнува дека по настанатиот судир, израелските сили ја напуштиле оваа зона.