Eshat Fırat
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
КУДС (АА) - Израелските војници на окупираниот Западен Брег приведоа 14 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на израелската војска, во текот на ноќта, на неколку локации на Западниот Брег извршени се рации во кои се приведени 14 Палестинци под изговор дека учествувале во „терористички активности“.
Израелските сили често вршат рации на Западниот Брег и во Источен Кудс (Ерусалим), и под разни обвиненија приведуваат Палестинци.
Во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, од кои се 300 деца.