Ekipa
15 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индиската полиција објави дека се приведени 3 лица, откако најмалку 11 лица починаа од труење со храна што ја консумирале на прославата по повод отворањето на нов хиндуистички храм на југот од Индија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот службеник Мушараф изјави дека во болниците на округот Чамарајанагар повеќе од 130 лица закрепнуваат од труење со храна.
Мушараф, кој користи само едно име, нагласи дека луѓето во петокот јаделе контаминиран варен зеленчук и ориз, и дека веднаш по консумирањето почнале да повраќаат и да чувствуваат силни болки во стомакот. Од хоспитализираните, 8 лица се наоѓаат во критична состојба.
Тој изјави и дека се приведени 3 лица од управата на храмот, а дека примероци од храната се испратени на хемиска анализа.