Ata Ufuk Şeker
15 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
БРИСЕЛ (AA) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во Брисел го обвини унгарскот премиер Виктор Орбан дека води кампања на дезинформирање за прашањето на миграциите и за Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).
„Некои премиери кои седат во Европскиот совет изнесуваат лажни вести“, рече Јункер на конференцијата за медиумите на крајот на Самитот на лидерите на ЕУ.
Додаде дека е и лажна вест тоа кога Орбан вели дека Јункер е главен виновник што Велика Британија ја напушта Унијата.
„Кога Виктор Орбан вели дека јас сум одговорен за Брегзит, тоа е лажна вест. Кога Орбан вели дека мигрантите се одговорни за Брегзит, тоа е, исто така, лажна вест“, рече Јункер.
Напомена дека е многу важно да се провери изворот на некоја вест пред изнесување на какви било обвинувања.
„Не треба за сѐ да ги обвинуваме другите луѓе и треба да провериме во нашите редови кои се оние кои ги пласираат“, рече Јункер.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, исто така истакна дека лажните вести и дезинформациите се планираат плански и системски.
Нагласи дека во Брисел се крајно решителни да се борат против лажните вести.
Земјите членки на ЕУ на Самитот во Брисел ја усвоија завршната Декларација за одлуките кои се однесуваат на областите како што се лажните вести, ксенофобијата, миграциите, климатските промени и економијата.
Во Декларацијата, усвоена по дводневниот Самит на лидерите на ЕУ, се наведува дека лажните вести и дезинформациите станаа „акутен и стратешки“ проблем на демократските општества, додавајќи дека тоа стана составен дел од хибридна војна.
Се додава дека борбата против лажните информации треба да се води на инклузивен и координиран начин. Европскиот совет во Декларацијата осудува секаков облик на антисемитизмот, разисмот и ксенофобијата, и ја нагласува големата важност за сузбивање на нетолеранцијата.