Sümeyye Dilara Dinçer
20 Ноември 2021•Ажурирај: 21 Ноември 2021
ХАЈДЕРАБАД
При уривање на зграда по поплавите предизвикани од обилните врнежи во Андра Прадеш, на југот на Индија, загинаа најмалку 17 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Врнежите од 18 ноември предизвикаа поплави во најмалку пет области.
Полициските претставници соопштија дека како последица на уривањето на зградата смртно настрадале најмалку 17 лица, а по две лица се трага.
Од урнатините се спасени десет лица.
Вчера рано, во автобус што го зафати воден порој, настрадаа десетина лица, а екипите и понатаму водат акции за спасување.
Претставниците најавија дека во Кадапи, град што е најмногу погоден од поплавите, локалниот аеродром ќе биде затворен до 25 ноември.
Поплавени се над стотина села, а многу жители не можат да излезат од куќите.