Mahmut Atanur
30 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Гувернерот на островската индонезиска покраина Среден Сулавеси соопшти дека во земјотресот што се случи на 28 септември 2018 година во близина на индонезискиот остров Сулавеси и во цунамито што следуваше по него животот го загубиле 4.340 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според индонезиската агенција „Антара“, која објави вест заснована врз изјавата на гувернерот Лонгки Џангола, се вели дека по спроведените истражувања најголем број жртви од земјотресот и цунамито се регистрирани во градот Палу - 2.141 лице, потоа во Сиги со 289, Донгала со 212 и Париги со 15 лица.
Гувернерот Џангола информирал дека во целото подрачје 667 лица сѐ уште се водат како исчезнати, а има и 1.016 лица чиј идентитет не е одреден, додавајќи дека веќе сите ги сметаат за починати.
Според Американскиот геолошки центар, на 28 септември 2018 година, на островот Сувалеси во северниот дел на Индонезија, на отворено море, 27 километри северно од заливот Палу, се случил земјотрес со јачина од 7,5 степени.
По земјотресот градовите Донгала и Палу беа зафатени од цунами чии бранови достигнаа висина и до 6 метри.
Според последната изјава за жртвите од оваа природна несреќа во Индонезија, беше соопштено дека загинале 2.256 лица, а стотици се исчезнати.