Mahmut Atanur
01 Мај 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
ЏАКАРТА
Индонезиската провинција Северна Суматра ја потресе земјотрес со интензитет од 5,6 степени што предизвика оштетувања на некои згради, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави индонезиската информативна агенција „Атара“, синоќа се случи земјотрес со епицентар 24 километри северозападно од подрачјето Паданг Лавас, на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван во голем број подрачја на провинцијата.
Администраторот на Јужен Тапанули, Сјахрул Пасарибу, соопшти дека покрај големиот број јавни објекти, како што се училишта и џамии, од земјотресот оштетувања претрпеле и некои куќи.
Пасарибу изјави дека засега нема загинати или повредени во земјотресот.
На 26 септември во провинцијата Амбон, главниот град Малуку го потресе земјотрес со интензитет од 6,8 степени. Во оваа природна катастрофа животот го загубија 36 лица.