Mahmut Atanur
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди индонезискиот остров Сулавеси, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) соопшти дека земјотресот е евидентиран на подрачје оддалечено 54 километри југозападно од Посо, централен Сулавеси, на длабочина од 10 километри.
Нема информации за смртно настрадани ниту за повредени лица, а не е издадено ниту предупредување од цунами.
Во земјотресот со јачина од 7,5 степени, проследен со цунами, кои на 28 септември 2018 го погодија островот Палу и островот Сулавеси, смртно настрадаа околу 4.340 лица.