Ekipa
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Меѓународната организација за миграција (ИОМ), денеска соопшти дека повеќе од 260.000 бегалци и мигранти пристигнале во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината, а во обид да го преминат морето, загинале повеќе од 3.100 луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).
ИОМ изјави дека од почетокот на годината до недела, 7 август, во Европа преку море пристигнале 263.636 лица, што е за 90.000 помалку во однос на периодот до крајот на август минатата година. Се тврди дека од почетокот на годината во Грција пристигнале 160.888 луѓе, а 100.244 во Италија.
Организацијата објави дека 3.176 имигранти ги загубиле своите животи во обид да го преминат Средоземното Море, што е повеќе од минатата година, кога во првите осум месеци загинаа 2.754 од нив. Повеќе од 2.700 имигранти загинаа во бродоломи на централната медитеранска рута меѓу Северна Африка и Италија.