Fatma Esma Arslan
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
ДАКАР
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) соопшти дека во бродската несреќа што се случи минатата недела, животот го загубиле најмалку 140 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави ИОМ се наведува дека во потонувањето на бродот со најмалку 200 нерегулирани мигранти кој испловил од Сенегал со цел да пристигне во Шпанија, животот го загубиле најмалку 140 лица.
Организацијата оваа несреќа ја опиша како „најголема катастрофа на нерегулирани мигранти во 2020 година“.
Во соопштението што претходно го дадоа сенегалските власти беше наведено дека во несреќата животот го загубиле 20 лица.
Оваа бродска несреќа на транспорт на нерегулираните мигранти во Шпанија се случи на 24 октомври, откако на отворено море се расипал бродскиот мотор, по што бродот потонал на отворено море, на оддалеченсот од 80 километри од градот Мбур.
Во Сенегал, младите лица кои потекнуваат од регионите со голема невработеност, со рибарски бродови и чамци по илегални патишта се обидуваат да заминат за Шпанија.