Haydar Karaalp
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
БАГДАТ (АА) - Ирачкиот пратеник Муктеда ес-Садр и лидер на движењето „Садр“, кој поднесе оставка од својата функција во парламентот соопшти дека и Мухамед Џафер ес-Садр, ја повлекол кандидатурата за премиер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мухамед Џафер ес-Садр, објавувајќи на својот профил на социјалните мрежи дека ја повлекува својата кандидатура, истакна: „Прифатив да бидам номиниран за националниот и реформскиот проект на Муктеда ес-Садр, но дојде време да се повлечам.“
Лидер на движењето „Садр“ го номинираше Џафер ес-Садр како кандидат за премиер.
Муктада ес-Садр ги повика 75-те пратеници во 329-члениот парламент да поднесат оставки, бидејќи не можеа да се договорат со шиитските групи блиски до Иран за формирање на влада. Пратениците по повикот поднесоа оставки.
Претседателот на парламентот Мухамед Халбуси ја прифати оставката на пратениците од блокот Садр.
На општите избори одржани во октомври 2021 година во Ирак, групата на Садр стана првата партија во Парламентот која брои 329 места. Но, имаше несогласувања меѓу шиитската група пратеници блиска до Иран и Садр околу формирањето на владата.
Садр постојано наведуваше дека нема да формира владина коалиција со неговите ривали поддржани од Иран.
Муктеда ес-Садр со Демократската партија на Курдистан (ДПК) предводена од Месуд Барзани и сунитската Коалицијата за суверенитет формираше трипартитна алијанса наречена „Спасување на татковината“ за да формира влада.
Изборната победа на Садр ја зајакна можноста да се симнат од власт шиитските групи блиски до Иран, кои со години беа на власт.