Ahmet Furkan Mercan
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
ТОКИО (АА) - Јужнокорејскиот министер за одбрана, Ли Џонг-суп истакна дека неговата земја има за цел да ги нормализира односите меѓу Сеул и Токио, и покрај ефектите од Втората светска војна, кои сѐ уште се чувствуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Ли се осврна на односите со нејзиниот крајбрежен сосед Јапонија на форумот „Шангри-Ла дијалог“ организиран од страна на Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS) во Сингапур.
„Подготвени сме да се вклучиме во сериозен дијалог со Јапонија“, рече Ли, додавајќи дека сакаат нормализација на односите меѓу Сеул и Токио и покрај проблемите од Втората светска војна.
Истакнувајќи дека имале можност неформално да разговараат со неговиот јапонски колега на маргините на форумот, Ли рече дека двете земји сакаат да одат напред во позитивна насока.
Од друга страна, Ли додаде дека јужнокорејскиот министер за надворешни работи Парк Џин, кој викендов замина за САД, планира да се сретне со јапонските колеги за да се организира заеднички погодно време за посета на Токио.
Доколку министерот Парк Џин го посети Токио, тоа ќе биде првпат јужнокорејски министер за надворешни работи да ја посети Јапонија од ноември 2019 година.
Прашањата за „Корејци кои се принудени да работат“ и „експлоатираните Корејки“ од периодот меѓу 1910-1945 година, кога Јапонија го колонизираше Корејскиот Полуостров, се познати како „чувствителни прашања“ меѓу Токио и Сеул.