Ekipa
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Иран денес соопшти дека 10 официјални претставници се вклучени во инцидентот со соборувањето на украинскиот патнички авион минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Воениот обвинител во заминување, Гулам Абас, ја даде изјавата за време на церемонијата на предавање на својата функција на Насир Сирај, како нов воен обвинител на Иран.
Неколку дена по инцидентот на 8 јануари, Техеран призна дека причината за падот на авионот на авиокомпанијата „Украина Интернешнал“, во кој загинаа сите 176 патници, била „човечка грешка“.
Во декември, Иран вети дека ќе исплати сума од 150.000 долари како обештетување на семејствата на секоја од жртвите на авионот.
Соборувањето на авионот се случи во време на зголемени тензии со САД по атентатот врз високиот ирански генерал Касем Сулејмани во Ирак, на почетокот на јануари 2020 година.