Ahmet Dursun
21 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Во Иран, две лица, наводно поврзани со американските и саудиските разузнавачки служби, се осудени на затворска казна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според иранската новинска агенција ИСНА, портпаролот на иранското судство, Гулам Хусеин Исмаили, одржа прес-конференција во главниот град Техеран.
Исмаили, соопштувајќи информации за двете лица кои наводно се поврзани со американските и саудиските разузнавачки служби, рече: „За кратко време се осудени две лица кои биле поврзани со американските и саудиските разузнавачки служби.“
Не откривајќи го идентитетот на лицата, Исмаили се воздржа од давање информации за висината на казната што ја добиле лицата.
- Обвинувања против вработен во Британскиот совет -
Исмаил, исто така, даде информации дека Арес Емири, вработен во Британскиот совет (British Council), организација од областа на културата на Велика Британија во странство, осуден е на 10 години затвор поради соработка со разузнавачките служби на Велика Британија.
Исмаили, истакнувајќи дека лицето било обучено од страна на британските разузнавачки служби, додаде: „Покрај неговата поврзаност со Британскиот совет, бил обучен од страна на британските разузнавачки служби и ги искористил можностите на Министерство за надворешни работи на Велика Британија.“
Емири, кој живее во Велика Британија, е уапсен на 14 март 2018 година во Иран, кога дошол да го посети своето семејство врз основа на дела „против националната безбедност“. Емири, за кој се тврди дека е менаџер на проектите за културно проникнување и трансформација, од страна на судот минатата недела е осуден на затвор од 10 години.
По овој настан, британското Министерство за надворешни работи, иранските граѓани кои имаат двојно државјанство и кои работат во организации поврзани со британската Влада, ги предупреди да не патуваат во Иран.