Muhammet Kurşun
14 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Во поплавите што го зафатија поголемиот дел од Иран смртно настрадаа 76 лица, соопшти Ахмад Шојаеи, раководителот на Агенцијата за форензика на таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шојаеи за иранските медиуми изјави дека најголем број загинати - 23 лица, има во покраината Фарс, по која следуваат Лористан со 14 и Гулистан со 8.
Поплавите зафатија 25 од 31 покраина во Иран. Поројните врнежи од дожд започнаа на 17 март и предизвикаа големи поплави во кои настрадаа голем број лица, а истовремено е предизвикана и голема материјална штета.
Многу хуманитарни агенции се вклучија во акцијата за давање помош на настраданите.