Ahmet Dursun
20 Јануари 2022•Ажурирај: 21 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Иранската, руската и кинеската морнарица утре ќе започнат со голема заедничка воена вежба во Индискиот Океан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската државна телевизија, контраадмиралот Мустафа Таџедини изјави дека „Поморскиот безбедносен појас 2022“ ќе се одржи на површина од 17.000 квадратни километри во северните води на Индискиот Океан.
Таџедини изјави дека вежбата има за цел зајакнување на безбедноста на меѓународната поморска трговија, борба против поморскиот тероризам и пиратите, размена на информации во областа на пребарување и спасување и споделување искуство во тактички операции.
Ова е трета воена вежба откако беше одржан првиот Поморски безбедносен појас во декември 2019 година.