Hüseyin Burak Demirer
04 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Иранскиот фоторепортер Ашкан Мехријар беше депортиран од Египет, каде што требаше да го следи Светското првенство во кошарка, јавува Anadolu Agency (AA).
Информацијата за неговата депортација беше потврдена од страна на Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIPS).
Како што е наведено во соопштението од здружението, Ашкан Мехријар пристигнал во Каиро за да ја следи иранската репрезенатција во групата Д на Светското првенство во кошарка, но тој бил запрен на аеродромот.
„Иако мојот пасош беше сосема уреден и валиден, во Египет бев подложен на неколкучасовно испрашување. На крајот ми го одзедоа телефонот и ме депортираа", изјави Мехријар.
Од АИПС порачаа дека од ова може да се заклучи дека депортацијата на иранскиот фотограф има политичка заднина, и истакнаа дека спортот и политиката не треба да се мешаат.