Ekipa
04 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
ДАМАСК/АСТАНА (АА) - Режимот на Башар ал Асад во Сирија изврши воздушен напад на местото Дума, кое е дел од „зоната без судири“, токму кога продолжуваат преговорите во Астана, јавува Anadolu Agency (AA).
Фирас eл Хали, претставник на цивилната заштита во местото коешто се наоѓа во источниот дел на Дамаск, за АА истакна дека воените авиони на режимот бомбардирале населена област во Дума.
Тој информираше дека во нападот животот го загубиле две лица, односно едно дете и една жена, а голем број цивили се повредени.
Дума околу пет години е под воена опсада на режимот и на странските терористички групи, поддржувачи на режимот.
Во ова населено место живеат околу 200.000 жители, се наоѓа во „зоната без судири“ формирана во четвртата рунда преговори одржани на 4 и 5 мај во Астана, со посредство на Турција, Русија и Иран.
Во петтите преговори во Астана што започнаа денеска, се разговара околу темите како означување на конечните граници на зоните без судир, определување на безбедносните зони што ќе се формираат на границите, формирање на координативен комитет меѓу трите земји-гаранти со цел надзор на примирјето, како и ослободување на притворените од затворите на режимот.