Haydar Karaalp
01 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
БАГДАД (АА) – Ирачкиот дневен весник „Ел Меда“ тврди дека вооружени лица поврзани со терористичката организација ПКК влегле од Сирија во областа Синџар во Мосул, Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ирачкиот весник, извор кој сака да остане анонимен тврди дека ПКК на безбедносните сили им предале 4 до 5 штабови. „Тоа е спротивно на договорот со кој е потребно целосно нивно повлекување“, додава изворот.
Наведувајќи дека ПКК нема намера да се повлече од Синџар, неименуваниот извор истакнува дека терористичката организација со пари организира луѓе да протестираат и да го осудат Договорот за Синџар.
Во изјавата за весникот изворот нагласува: „ПКК плаќа 400 долари месечно на оние кои стануваат членови на организацијата во Синџар и ги следат нивните упатства, и по 100 долари на членовите на нивните семејства.“
„По објавата дека ирачката федерална полиција ќе ја чува безбедноста во Синџар, од 100 до 200 вооружени лица секој ден од Сирија влегуваат во Синџар. Досега 1.000 лица ја имаат преминато сириската граница и влегоа во областа“, додава изворот.
Тврди дека оваа ситуација значи дека „ПКК нема да се повлекува, туку ќе започне да војува.“
Договорот за Синџар беше потпишан меѓу Багдад и Ербил на 1 октомври. Договорот вклучува отстранување на терористичката организација ПКК од подрачјето.