Ekipa
05 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
БАГДАД (АА) - Парламентот на Ирак со мнозинство гласови донесе одлука за протерување на силите на Соединетите Американски Држави (САД) од земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
На вонредната парламентарна седница, со мнозинство гласови е донесена одлука за протерување на американските трупи, како и на другите странски сили од земјата.
Во соопштението на Парламентот се наведува дека Владата е обврзана за спроведување на оваа одлука.
По гласањето, шиитските пратеници во Парламентот извикуваа пароли како „Не, за САД“, „Да, за Мухендис, да, за Сулејмани“, и „Окупаторе, излези надвор“.