Zuhal Demirci
11 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
ЛОНДОН
Варијантата „Делта“ на новиот вид коронавирус (Ковид-19), за првпат забележана во Индија, е 60 проценти позаразна од варијантата „Алфа“, позната како варијанта во Велика Британија, и е поотпорна на вакцината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најновото истражување објавено од Агенцијата за јавно здравје на Велика Британија (PHE) откри дека варијантата „Делта“ на Ковид-19 е за 60 проценти позаразна од варијантата „Алфа“ и дека вакцините се помалку ефикасни против неа.
Агенцијата за јавно здравје на Велика Британија истакна дека две дози на вакцина се многу поефикасни од една доза против варијантата „Делта“.
Во изјавата дадена од Агенцијата на 4 мај соопштено е дека варијантата „Делта“ стана најдоминантниот вид во земјата, надминувајќи ја варијантата „Алфа“.
- Во земјата повеќе од 90 проценти од случаите на Ковид-19 се од индиска варијанта
Варијантата „Делта“ сочинува повеќе од 90 проценти од новите случаи на Ковид-19 во Велика Британија.
Минатата недела бројот на случаи со варијантата „Делта“ се зголеми за 240 проценти.
Во Велика Британија во последните 24 часа регистрирани се 7.393 случаи со Ковид-19. Вкупниот број на оние кои примија две дози вакцина достигна 40.886.878, а вкупниот број на оние кои примија втора доза на вакцина достигна 28.857.102.
Во земјата, 77,6 проценти од возрасната популација ја примиле првата доза, а 54,8 проценти втората доза.