Şenhan Bolelli
07 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
МАДРИД (АА) - Повеќе од 40 лица, меѓу кои се наоѓаат и политичари, бизнисмени и јавни службеници, се уапсени во согласност со мерките за претпазливост во акција која е спроведена на северниот дел на Италија, а која е насочена против мафијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
На подрачјето на Ломбардија и Пиомента, како што јавуваат локалните медиуми, спроведена е акција во која учествуваа околу 250 припадници на жандармеријата и финансиската полиција.
Меѓу 43 лица, кои меѓу останатото се уапсени поради корупција и незаконско собирање средства за политичките партии и здруженија, се наоѓаат и некои политичари кои беа на функции во партијата Форца Италија, Градскиот совет на Милано и во Регионалниот оддел на Ломбарди во времето на поранешниот премиер Силвио Берлускони.
Меѓу уапсените, од претпазливост, 12-мина се во затвор, 15-мина добија казна домашен притвор, а останатите еднаш неделно мора да се јавуваат во полициска станица за потпис.
Обвинителството спроведе истрага против 95 лица и можни се нови апсења.