Eşref Musa
07 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните и копнените напади кои припадниците на сирискиот режим и неговите поддржувачи доцна синоќа ги извршија во зоната без судири во Идлиб, загинаа најмалку осум цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите поддржувачи од синоќа вршат напади на периферијата на Хама, Идлиб и Алепо.
Екипите на Цивилната заштита ги продолжуваат активностите на терен кои вклучуваат и акции на спасување, а стравуваат дека бројот на настрадани би можел да се зголеми.
Истовремено, цивилите продолжуваат да мигрираат на побезбедни подрачја. Многумина од нив бараат засолниште во камповите во Атме, Деир Хасан Каху и Кефер Лусино.
Во нападите извршени во последните пет дена на зоната без судири во Идлиб, загинаа најмалку 71 цивил.
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) во извештајот за април наведе дека во нападите на режимот на Асад загинале 127 цивили, а во руските напади 13.