Meiramgul Kussainova
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
НУР СУЛТАН
Во Казахстан прогласена е вонредна состојба поради протестите во главниот град Нур Султан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на веб-страницата „Akorda“ на Претседателството на Казахстан, претседателот Касим Џомерт Токаев го потпишал указот за одобрување на прогласување вонредна состојба во главниот град.
Според тоа, во главниот град Нур Султан прогласена е вонредна состојба помеѓу 5 и 19 јануари.
За време на вонредната состојба која е прогласена заради безбедност на граѓаните, во градот ќе биде воведен полициски час од 23:00 до 7:00 часот.
Ќе се зголемат мерките на претпазливост за заштита на јавните и стратешките објекти, особено оние кои се од клучно значење за општествениот поредок. Исто така, ќе има ограничувања за влез и излез од градот.
Поради протестите иницирани против поскапувањето на течниот нафтен гас (ТНГ) во земјата, претходно беше прогласена вонредна состојба во градот Алмати и во провинцијата Мангистау.