Gözde Bayar
25 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, и американскиот специјален пратставник за Сирија, Џејмс Џефри, дискутираа за последните случувања во североисточниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин и Џефри се состанаа во седиштето на ОН на маргините на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Тие дискутираа за последните случувања во Идлиб, за чувствителноста на Турција за воспоставување безбедносна зона, прогресот во политичкиот процес за Сирија и за формирање Уставен комитет.
Тие се согласија да ги интензивираат заедничките напори за воспостаување долготраен мир во Сирија.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.
Оттогаш се верува дека стотици илјади луѓе се убиени и повеќе од 10 милиони раселени како последица на конфликтот.