Zuhal Demirci
14 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека Турција ќе продолжи да стои до палестинскиот народ и дека историјата нема да ги заборави оние кои го предале палестинскиот народ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Калин оваа реакција ја потврди преку објава на својот твитер-профил.
„Историјата нема да ги заборави оние кои го предадоа палестинскиот народ и ја продадоа палестинската кауза“, напиша Калин.
„Нивната мизерна политика нема да ги одвраќа, туку ќе ги зајакне оние што веруваат само во правда, слобода и благородност. Турција ќе продолжи да стои до палестинскиот народ“, додаде тој.