Muhammed Emin Canik
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
БУЕНОС АИРЕС - За време на викендите во текот на февруари во аргентинскиот главен град Буенос Аирес се одржува Карневалот „Буенос Аирес“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Затворањето на карневалот познат како Карневал „Портено“ организиран од страна на Автономната власт на Буенос Аирес (CABA) се одржува во центарот на градот на улицата „Мај“. Во текот на карневалот се организираат различни презентации, концерти и има голем број танчерски групи.
Со цел да се поддржи традицијата и социјалниот идентитет на улиците на Буенос Аирес, секоја година за време на викендите во месец февруари, во различни делови од градот илјадници лица од секоја возраст се забавуваат учествувајќи на карневалот.
Оваа година и Боливијците што живеат во Буенос Аирес организираа активности. Се очекува затворањето на карневалот во Буенос Аирес да трае до доцните часови.