Aness Suheil Barghoti
25 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа 26 Палестинци во ноќните рации извршени низ окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здружението на палестински затвореници соопшти дека 16 лица, вклучувајќи и една жена, биле уапсени во рациите во Хеброн во јужниот Западен Брег.
„Уште пет Палестинци беа приведени во градовите во Рамала и Ерусалим (Кудс)“, се вели во соопштението.
Израелските сили уапсија ист број лица и во градовите Наблус, Јенин и Тулкарем во северниот дел на Западниот Брег.
Израелската Војска сè уште не издаде соопштение во врска со апсењата.
Израелската Армија спроведува чести кампањи за приведување Палестинци низ Западниот Брег, како и во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), со образложение за потрага по „барани“ Палестинци.
Според палестинските податоци, околу 5.000 Палестинци, меѓу кои голем број деца и жени, моментално се наоѓаат во израелските притворни центри.