Ekipa
07 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
САНА (АА) - Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен соопшти дека пресретнала беспилотно летало со експлозив на бунтовниците Хуси насочено кон Саудиска Арабија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нападот со дрон на Хусите „е систематски и намерен обид за таргетирање на цивили и цивилни објекти“, истакна портпаролот на Коалицијата, полковник Турки ал-Малики, во соопштението пренесено од саудиската новинска агенција СПА.
Од движењето на Хусите не се имаат произнесено за соопштението на Коалицијата.
Хусите редовно најавуваа ракетни и напади со дронови врз саудиска територија, велејќи дека тие се реакција на нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен.
Јемен е средиште на насилства и нестабилност од 2014 година, кога бунтовниците Хуси зазедоа голем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која има за цел враќање на јеменската Влада, ја влоши ситуацијата, предизвикувајќи една од најлошите хуманитарни кризи во светот во која речиси 80 отсто, или околу 30 милиони Јеменци имаат потреба од хуманитарна помош и заштита, а над 13 милиони се во опасност од изгладнување.