Betül Yürük
07 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Независната комисија на ОН за Сирија објави извештај во кој се наведува дека коалицијата предводена од САД, е одговорна за минатогодишниот воздушен напад во Рака, во кој беа убиени повеќе од 150 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Комисијата го направи извештајот врз основа на собраните податоци на терен и врз основа на исказите од вкупно 513 сведоци и жртви од Сирија.
Укажано е на грубите кршења на основните човекови права во Сирија во период од јули минатата до јануари оваа година, вклучувајќи и кршење на тие права од коалицијата, која ја предводат САД и терористите на ПЈД/ПКК, кои се претставуваат под називот СДФ.
Во делот на извештајот, кој зборува за ситуацијата во Рака, која е ослободена од терористите на ДЕАШ, се наведува дека сите страни ги кршеле човековите права, вклучувајќи ги коалициските сили и СДФ.
Се наведува дека коалициските сили предводени од САД извршиле повеќе од 150 воздушни напади и дека во тие напади настрадале и цивили.
Посебно е укажано на нападот, кој воздушните коалициски сили го извршија на 21 март минатата година, во кој во училиште беа убиени повеќе од 150 цивили.
Потсетувајќи дека коалицијата соопштила оти цел на нападот бил објект, во кој се наоѓале најмалку 30 терористи, Комисијата во извештајот наведува дека всушност се работело за училиште, во кое се наоѓале повеќе од 200 протерани цивили. Испитаните 12 преживеани цивили рекоа дека во училиштето биле сместени од 2012 година и дека терористите не го користеле тој објект.
Коалицијата предводена од САД се смета за одговорна за кршење на човековите права на цивилите, бидејќи пред нападот не спроведуваат прецизно утврдување на метата и не преземаат мерки за заштита на цивилите.
Во извештајот се наведува и дека терористичката организација ПЈД/ПКК, која се претставува како т.н. Сириски демократски сили (СДГ), насилно ги зема возрасните и малолетниците на боишта, ги заробува новинарите и активистите и ги измачува заробените бунтовници и терористи на ДЕАШ.
Заробените бутновници и семејства на опозициската Слободна војска на Сирија се жртви на различни видови злоупотреба, кои терористите на ПЈД/ПКК ги спроведуваат, вклучувајќи и одземање на лекови од хронично заболените лица.