Ikrame Imane Kouachi
08 Декември 2023•Ажурирај: 11 Декември 2023
БЕЈРУТ (АА) - Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) повика на итно ослободување на палестинскиот новинар Диа ал-Калут, кој беше приведен од израелските сили во северниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Во соопштението, Комитетот наведе дека е „алармиран од извештаите дека израелските власти го привеле новинарот на „Алараби Алџадид“, Диа ал-Калут, во Газа заедно со членовите на неговото семејство и повикува на негово итно ослободување.“
Калут заедно со непознат број членови на неговото семејство се приведено во четвртокот во областа Ал Сук во Беит Лахија, северна Газа.
Шериф Мансур, програмски координатор на Комитетот за заштита на новинари за Блискиот Исток и Северна Африка, рече: „Длабоко сме загрижени од извештаите за приведувањето на новинарот Диа ал-Калут во северна Газа, заедно со членовите на неговото семејство.“
„Израелската армија треба да ја открие неговата локација и веднаш да го ослободи“, додаде тој.
Ал Калут бил принуден да ја остави својата ќерка со посебни потреби. Тој, исто така, под закана со пиштол бил принуден да се соблече, а потоа бил претепан, објави „Алараби Алџадид“.
Уредникот на „Алараби Алџадид“, Хусам Канафани, нагласи дека Израел намерно убива, таргетира и приведува новинари за да спречи израелските злосторства да бидат документирани.
Над 75 новинари се убиени, а 140 се ранети во израелските напади од 7 октомври.