Ekip
21 Септември 2021•Ажурирај: 22 Септември 2021
ГАЗА
Специјалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток, Тор Венесланд, пристигна во Појасот Газа за разговори со лидерите на Хамас во врска со хуманитарните услови во територијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Венесленд премина во Газа преку преминот „Ерз“, контролиран од Израел“, изјави палестински извор за АА.
Тој рече дека посетата на координаторот на ОН на енклавата ќе трае неколку часа.
„По пристигнувањето, Венесленд се состана со лидерите на Хамас за да разговараат за хуманитарните и безбедносните услови во Газа“, додаде изворот под услов да остане анонимен.
Немаше коментар од групата Хамас за посетата.
Венесленд ја посети Газа на 21 јуни, каде што се состана со шефот на Хамас, Јахја Синвар, за разговори за стабилизирање на прекинот на огнот со Израел и за решавање на хуманитарната криза во Појасот.