Emel Öz
21 Септември 2021•Ажурирај: 22 Септември 2021
СРИНАГАР
Двајца војници загинаа како резултат на рушење на воен хеликоптер во индиската зона Џаму и Кашмир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди индиската Војска.
Се истакнува дека воениот хеликоптер за време на лет се срушил во шумска зона во Удхампур.
Според соопштеното, двајцата војници што се наоѓале во хеликоптерот се здобиле со тешки повреди, по што биле пренесени во болница.
Се нагласува дека и покрај сета интервенција, војниците не успеале да преживеат.