Burç Eruygur
09 Април 2023•Ажурирај: 10 Април 2023
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Западот хистерично реагира на плановите на Русија да изгради магацин за нуклеарно оружје во соседна Белорусија, а истовремено заборава да се сети на присутноста на американското нуклеарно оружје во Европа, пренесува Анадолу.
„Колективниот Запад не е наклонет на каков бил начин да се сети на темата за американското нуклеарно оружје, кое е стационирано тука во Европа, околу нашата земја, но во овој случај се склони кон хистерична реакција на нашите планови за изградба на магацин за тактично нуклеарно оружје на територијата на Белорусија“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за рускиот ТВ-канал „Русија-1“.
Песков во продолжение го коментираше разговорот меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и неговиот белоруски колега, Александар Лукашенко, што се одржа за време на нивната средба во Москва во четвртокот, истакнувајќи дека нуклеарното оружје во моментов е важна тема.
„Па да, ова сега е многу важна тема. Гледаме многу невоздржана реакција на колективниот Запад на најавите на претседателот Путин“, рече Песков.
Путин на 25 март рече дека Русија ќе ја доврши изградбата на специјалниот магацин за тактичко нуклеарно оружје во соседна Белорусија, што предизвика жестоки меѓународни реакции.