Emre Gürkan Abay
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
МОСКВА (АА) – Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан ќе се сретнат во Сочи на 26 ноември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Кремљ се наведува дека во Сочи ќе се одржи трилатерална средба меѓу Путин, Алиев и Пашинјан.
Во соопштението се наведува дека средбата ќе се одржи на 26 ноември и се додава: „На средбата е планирано да се разговара за спроведувањето на договорите за Карабах и да се одредат чекорите што треба да се преземат за зајакнување на стабилноста и воспоставување мирен живот во регионот.“
Се посочува дека на разговорите посебно внимание ќе се посвети на отворањето и развојот на комерцијалните и транспортните врски во регионот.
Исто така, се нагласува дека Путин ќе оствари и билатерални средби со Алиев и Пашинјан.