Elena Teslova
25 Февруари 2022•Ажурирај: 26 Февруари 2022
МОСКВА (АА) ‒ Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати делегација за разговори со Украина во Минск, објави денес Кремљ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како одговор на предлогот на Владимир Зеленски, претседателот на Украина, Владимир Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на ниво на претставници од Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и претседателската администрација за разговори со украинската делегација“, рече портпаролот Димитри Песков еден ден откако Москва започна интервенција во Украина.
Според портпаролот од Кремљ, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ветил дека Минск ќе биде подготвен да ги создаде „сите неопходни услови за преговарачкиот процес на Руската Федерација и Украина“.
Тензиите почнаа да ескалираат кон крајот на минатата година кога Украина, САД и сојузниците ја обвинија Русија дека распоредува десетици илјади војници до границата со Украина.
Тие тврдеа дека Русија се подготвува да го нападне својот западен сосед, обвинувања кои постојано беа отфрлани од Москва.
Москва официјално ги призна Доњецк и Луганск како независни републики претходно оваа недела, по што вчера започна воена операција во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека операцијата има за цел да ги заштити луѓето „подложени на геноцид“ од Киев и да ја „демилитаризира и денацифицира“ Украина, а истовремено ја повика Украинската армија да го положи оружјето.