Burç Eruygur
06 Февруари 2026•Ажурирај: 09 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ денес соопшти дека Русија ги поздравува индиректните преговори што започнаа меѓу делегациите на САД и Иран во Оман, јавува Анадолу.
„Ги поздравуваме преговорите што тукушто започнаа во Оман“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на брифингот со новинарите, изразувајќи надеж дека овие разговори ќе бидат продуктивни и ќе придонесат за намалување на тензиите на Блискиот Исток.
Песков додаде дека Москва, додека не се постигне деескалација, би сакала да види „воздржаност кај сите заинтересирани држави“.
Иран и САД утринава започнаа со преговори фокусирани на нуклеарното прашање, во главниот град на Оман, Мускат. Овие разговори се одвиваат во услови на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, поттикнати од засиленото американско воено присуство во Персискиот Залив и предупредувањата за можна воена акција од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во изминатите денови неколку земји понудија да посредуваат меѓу Техеран и Вашингтон за да ги ублажат тензиите, при што Турција имаше особено активна дипломатска улога. Сепак, по првичните планови за средба во Истанбул, локацијата беше преместена во Оман по барање на иранската страна.
САД и нивниот сојузник Израел го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје, додека Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучително за мирољубиви цели, вклучително и производство на електрична енергија.